Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Го покрил семејството со сопственото тело – човекот кој загина во атентатот врз Трамп го заштитил семејството од куршумите

/

пред 825 дена

Сподели преку :

Лицето кое загина за време на обидот за атентат на Доналд Трамп е 50-годишниот Кори Компраторе, кој со своето тело го покрил семејството кога почнало пукањето.

Кори Компраторе се фрлил врз своето семејство да го заштити од куршумите кога почнала стрелбата, изјави синоќа гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро. Тој изјави дека се сретнал со семејството на загинатиот.

„Митингот на Трамп во Пенсилванија го зеде животот на мојот брат Кори Компраторе. Омразата кон еден човек го одзеде животот на човек кој ние најмногу го сакавме“, напиша вчера сестрата на жртвата на својот Фејсбук профил.

Компраторе работел како инженер во фабрика за производство на пластични предмети и служел како раководител на волонтерската пожарна служба во Бафало тауншип, јави изданието Pittsburh Post-Gazette.