Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Самит во Будимпешта, контрасамит во Брисел – „Политико“ објави дека шефовите на дипломатии на ЕУ планираат бојкот на Самитот за надворешни работи на Орбан

/

пред 829 дена

Сподели преку :

Унгарија, во својство на актуелен претседавач со Европската унија (ЕУ), најави дека за 28 и 29 август планира одржување на Самит за надворешни работи во Будимпешта, но во истиот период ќе биде закажано и заседание на Советот за надворешни работи на Унијата, тврди бриселскиот портал „Политико“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според порталот, со ваквиот потег за „бојкот“ на Самитот во Будимпешта, министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија сакаат „да ја омаловажат Унгарија“. Дипломатските извори посочуваат дека најавениот Самит е оценет како одлична можност за унгарскиот премиер Виктор Орбан „да се обиде да ја обликува надворешната политика на ЕУ“ и да му овозможи на шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто да „биде во центар на вниманието“.

Тензиите поврзани со надворешната политика меѓу институциите на ЕУ и Орбан ескалираа по неговите самопрогласени „мировни посети“ на Москва и Пекинг, без координација со лидерите на Унијата.