Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повторно се разгоре пределот кај областа Пенуш во близина на воениот полигон на Криволак

/

пред 824 дена

Сподели преку :

Пожарот над селото Драгоево на планината Серта и околу полигонот Пенуш повторно се разгоре попладнево. Според проценките на пожарникарите на Серта со огнените јазици зафатена е површина од над 20 километри. Гори дабова, борова шума, грмушки и трева на планината Серта.

Во моментов нема опасност по штипските села Драгоево и Селце. Кризниот штаб на Општина Штип се свикува и ќе заседава утре рано наутро, најави градоначалникот на Општина Штип.

Од регионалниот центар за управување со кризи информираат дека пожарот Селце Драгоевона кракот Селце полигон Пенуш со зголемување на температурите и појава на ветар, дојде до разгорување на огнот и префлување на трасата на гасоводот.

На еден дел беше сопрен од страна на ТПППЕ-Штип мегу тоа на друг дел има префрлено прекун трасата и се слуша пукање на муниција. Поради загрозеност на безбедноста на екипите од пукање на муниција и густ чад истите се повлечени на безбедно растојание. Доколку се во можност ке продолжаат со гаснењето на пожарот, се вели во соопштението на ЦУК.

Од градоначалникот на Општина Штип побарано е дополнителна подршка со градежна механизација за правење пресеци.На планината Серта во штипскиот дел веќе четврти ден огнените јазици пеплосуваат се пред себе,  шума и животински свет.

Викторија Димитрова Јованова