Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Ангелов: Се слушаат експлозии на планината Серта кон полигон Криволак, не е безбедно за гаснење

/

пред 823 дена

Сподели преку :

„Се слушаат експлозии, истрели од неиспукани гранати, куршуми и други неексплодирани експлозивни средства од гаѓањата што ги работела армијата во минатиот период. Така што, местото на планината Серта кон самиот полигон Криволак, не е безбедно за дејство од воздух, но не е безбедно ниту за дејство од земја. А безбедноста на луѓето што гаснат е на прво место. Ќе се обидеме со формирање на противпожарни пресеки, онаму каде што тоа го дозволува теренот. Со трактори, булдожери да се изора, да не може огнот да префрли преку нив“, вели во видео снимена на местото на пожарите на Серта, Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Се работи за исклучително стрмен терен испресечен со долови и карпи.