Јавниот превоз во Скопје во хаос. Автобусите доцнат, а често воопшто ги нема. Без климатизери, преполни и честопати неисправни. Според ЈСП недостасуваат 50 автобуси, а во септември ќе недостасуваат двојно повеќе. Градоначалничката во предизборната кампања вети еко-автобуси и бесплатен јавен превоз. Велеше: Ако може да функционира некаде, зошто не и кај нас?
Тема на денот во Црвена линија е: Зошто тоа функционира некаде, но не и кај нас?