Шкендија повторно настапот во европските клупски натпреварувања го завршува уште во првото квалификациско коло.
Тетовци овој пат доживеаа два порази во соочувањата со ерменскиот претставник Ноа. Вечерва на арената Тодор Проески, гостите славеа со 2:1.
Ноа поведе во 20. минута со голот на Александар Миљковиќ. Во 53-тата Клисман Цаке израмни на 1:1, а конечниот резултат го постави Вирџил Пинсон во првата минута од судиското надополнување.
ФОТО: Игор Паневски








































