Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дел од летовите откажани, дел пренасочени – Етна повторно почна да исфрла пепел и лава

/

пред 820 дена

Сподели преку :

Лава и густ црн чад над Сицилија. Вулканот Етна повторно се активира што е причина за привремено затворање на аеродромот во Катанија.

Вулканот во последните денови ја засили својата активност, често исфрлање пепел и лава, што претставува опасност по воздушниот сообраќај.

„Дел од летовите се откажани, дел се пренасочени кон други аеродроми“, соопшти компанијата која го менаџира аеродромот. Враќањето на аеродромот во функција е најавено по смирување на ерупцијата.

Ерна, еден од најактивните вулкани во светот, веќе исфрлаше пепел и лава во текот на овој месец. И тогаш аеродромот во Катанија, еден од најважните на островот, беше привремено затворен.