Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Харис во блага предност во однос на Трамп – најнови анкети во САД

/

пред 820 дена

Сподели преку :

Откако Џо Бајден се повлече од претседателската трка за нов мандат во Белата куќа, потпретседателката на САД, Камала Харис, како најизвесна кандидатка на демократите, е во мала предност од два процентни поена во однос на републиканскиот ривал Доналд Трамп, покажуваат најновата анкета на Ројтерс/Ипсос.

Резултатите од анкетата покажуваат дека Камала Харис има 44 отсто поддршка, наспроти Трамп кој има 42 процента. Харис и Трамп беа израмнети со 44 отсто поддршка во анкетата која што беше спроведена на 15-16 јули, додека Трамп водеше со еден процентен поен во анкетата на 1 и 2 јули.

Најновите резултати ги потврдуваат причините поради кои Бајден се повлече од изборната трка и зошто токму Харис го замени како најизвесна кандидатка на демократите.

Околу 56 отсто регистрирани гласачи се сложиле со тврдењето дека 59-годишната Камала Харис е „ментално способна да се носи со предизвиците“ во споредба со 49 отсто на оние кои истото го мислат за 78-годишниот Трамп.