Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов земјотрес во Беровско- четврти во низа

/

пред 814 дена

Сподели преку :

Утрово во 8:46 е регистриран нов земјотрес чиј епицентар е во близина на Берово. Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 3,2 степени.

Епицентарот бил 12 километри северно од Берово, на длабочина од 6,9 километри.

Ова е 4-ти по ред земјотрес регистриран во беровско од вчеравечер. Земјотресите се со јачина од  2,7 до 3,6 степени.

Првите два земјотреси се случија во рок од две минути, извести синоќа Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

-Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда M L 3.6, додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова магнитуда M L 2.9, соопштија од опсерваторијата.

Во текот на ноќта беше регистриран уште еден послаб земјотрес, а низата тресења на земјата продолжија и утрово.

-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека вториот III степени според истата скала, соопшти синоќа Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Нема повредени ниту посериозни материјални оштетувања на објекти.