Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Експлозии во базата на Крим, ранети двајца руски војници

/

пред 817 дена

Сподели преку :

Локалните канали на Телеграм објавија за силните експлозии што синоќа ја потресоа воздухопловната база Саки на Крим. Тие наведуваат дека ракетниот систем ATACMS го погодил складиштето за муниција и ја уништил радарската станица. Украинските сили го погодија Крим со четири проектили испорачани од САД, при што беа повредени двајца руски војници, објави каналот Астра, повикувајќи се на извори од локалните служби за итни случаи.

Се  додава дека биле погодени складиштето за муниција во воздухопловната база во градот Новофедоривка и руската радарска станица за воздушна одбрана, која се наоѓа во близина на селото Шелковичкоје во областа Саки. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат големи пожари на Крим. Руските власти не ги коментираа споменатите напади, а Киев не ја презеде одговорноста, пишува Newsweek.

Телеграмскиот канал Crimean Wind со седиште во Крим, исто така, објави дека е погодено складиште за муниција во воздухопловната база Саки и објави фотографија на која се гледа пламен и чад.

Украинските сили ја нападнаа и воздухопловната база Саки во јануари, кога Микола Олешук, командант на украинските воздухопловни сили, рече дека е уништен контролен пункт на окупаторската руска армија. “База Саки! Ги погодивме сите цели! Им благодарам на нашите пилоти за нивната одлична работа!” напиша тогаш Олешчук на социјалните мрежи.