Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мојсовска го освои 31-то место во стрелање со воздушна пушка

/

пред 798 дена

Сподели преку :

На Олимписките игри во Париз денеска настапи првата македонската репрезентативка. Анастасија Мојсовска во дисциплината стрелање со воздушна пушка од 10 метри го освои 31. место во конкуренција на 43 натпреварувачки.

Мојсовска настапот го заврши со 625,3 круга што е за три круга послабо од нејзиниот најдобар резултат, а за пласман во финалето беа потребни најмалку 631,3 круга.

Во текот на натпреварот добро се координиравме и сите серии беа над 104, освен една со што оствари највисок резултат на едни Олимписки игри во дисциплината пушка.

Позади нас оставивме европски и светски прваци како што се Чешка, Велика Британија, Америка, Германија, Бразил”, изјави селекторот Тасевски.