Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ердоган: Како што влеговме во Карабах и во Либија може да влеземе и во Израел да им помогнеме на Палестинците

/

пред 815 дена

Сподели преку :

Турција би можела да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците како што направи некогаш во Либија и во Нагорно Карабах, изјави синоќа турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган.

„Мораме да бидеме многу силни за Израел да не може во Палестина да го направи тоа што го прави сега“, рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија АКП во црноморскиот град Ризе, пофалувајќи ги резултатите на индустријата за оружје.

Турскиот претседател не прецизираше каква интервенција има на ум, а претставниците на неговата партија не одговорија за деталите од неговата изјава. Засега нема коментар од Израел.

Во 2020 година, Анкара испрати војници и воена опрема во Либија за да ја поддржи либиската влада на национално единство и нејзиниот лидер Абдулхамид ал-Дбеибах.