Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Галант: Израел не сака војна, но ќе бидеме подготвени на сите можности

/

пред 813 дена

Сподели преку :

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека Тел Авив не сака војна, но ќе биде подготвен на сите можности.

Оваа порака тој ја испрати при денешната посета на војниците кои вежбаат лансирање од ракетниот систем со долг дострел „Ароув“ (Arrow).

Посетата доаѓа по вчерашниот воздушен напад на ИДФ во јужно предградие на Бејрут, во кој беше убиен највисокиот воен командант на Хезболах, Мухсин Шукр, и убиството на водачот на политбирото на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран во текот на изминатата ноќ.