Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сијарто: Испраќаме два хеликоптери и три теренски возила да помогнат во гасењето на пожарите

/

пред 808 дена

Сподели преку :

Унгарија денеска ќе обезбеди три теренски противпожарни возила кои треба да помогнат во гасењето на пожарите.

Ваквата информација на својот Фејсбук профил ја сподели унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Одлуката доаѓа по вчерашниот телефонски разговор со неговиот колега, Тимчо Муцунски.

Дополнително Унгарија ќе испрати и два хеликоптери на унгарското воздухопловство кои ќе бидат директно вклучени во гасењето на големите шумски пожари што ја зафатија земјава.

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски вчера соопшти дека во разговорот со Сијарто изразил голема благодарност за солидарноста и ја нагласил, како што објави, важноста на соработката меѓу нашите земји во вакви критични моменти.

Унгарија ќе испрати три теренски возила и авиони за гаснење на пожарите – Сијарто со порака до Муцунски