Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелски воени авиони го пробија звучниот ѕид над Бејрут, Хезболах порача дека „одговорот ќе биде силен и ефикасен“

/

пред 806 дена

Сподели преку :

Израелски воени авиони прелетаа ниско над Бејрут. Очевидци тврдат дека леталата можеле да се видат со голо око, како и дека го пробиле звучниот ѕид.

Инцидентот се случи на неколку минути пред почетокот на говорот на лидерот на либански Хезболах, Саед Хасан Насрала на одбележувањето на една недела од убиството на воениот командант на организацијата, Фуар Шукр во израелски напад врз предградие на јужен Бејрут.

Според Насрала, целта на звучните удари е попречување и заплашување на присутните и предупреди дека одговорот на Хезболах ќе биде „силен и ефикасен“.

Хезболах претходно денеска соопшти дека лансирал дронови врз две локации во близина на Акра, во северниот дел на Израел. Израелската војска соопшти дека идентификувала неколку непријателски дронови од Либан и оти еден бил пресретнат. Медицински лица од Израел рекоа дека седум луѓе се евакуирани од болница во крајбрежниот град Нахарија од кои еден е во критична состојба.