Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 27.000 заразени и преку 1.100 смртни случаи во ДР Конго – мајмунски сипаници низ Африка, СЗО на итна седница

/

пред 805 дена

Сподели преку :

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус најави дека ќе свика состанок на вонредниот одбор на кој ќе се расправа дали моментната епидемија на мајмунски сипаници во Демократска Република Конго е јавноздравствена итна ситуација од меѓународен значење.

Во соопштението на СЗО се наведува дека се потврдени уште 50 случаи на мајмунски сипаници и оти постои сомнеж дека нивниот број е поголем во четири африкански земји – Бурунди, Кенија, Уганда и Руанда, каде досега немало пријавени случаи.

„Поради ширење на мајмунски сипаници надвор од ДР Конго и можноста од нивно натамошно меѓународно ширење во и надвор од Африка, решив да го свикан вонредниот одбор во рамки на Меѓународните здравствени прописи кои ќе ме посоветуваат дали епидемијата претставува итен јавноздравствен проблем од меѓународна важност“, рече генералниот директор на СЗО, Гебрејесус.

Со мајмунски сипаници во ДР Конго моментно се заразени 27.000 луѓе, а регистрирани се и над 1.100 смртни случаи од кои најголем дел се деца од почетокот на 2023 година. Започнаа со ширење на ендемскиот сој, познат како Клејд I. Се чини дека новата варијанта, позната на Клејд Ib, полесно се пренесува со близок контакт, како што е случај меѓу децата.

Полесниот облик на вирусот, Клајд IIb, глобално се прошири во 2022 година, главно преку сексуален пат на мажи кои имаат интимни односи со мажи.