Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија достави војници, тенкови, артилерија, летала во Курск – антитерористички мерки за три региони

/

пред 802 дена

Сподели преку :

Москва испрати конвои со руски војници, тенкови, оклопни возила и артилериска муниција од различен тип и калибар во Курск, со цел на потиснување на украинските воени формации кои минатата недела навлегоа на руска територија. На видеоснимките што се дистрибуирани, а кои не се независно потврдени, се гледаат и борбени авиони, хеликоптери и дронови кои гаѓаат цели во шумски појаси.

Русија, во меѓувреме, прогласи антитерорискички мерки за три региони. Специјалните мерки на режим ќе важат за Курск, за Белгород и за Брианск. Ќе вклучуваат евентуална евакуација на населението, ограничување на превозот во одредени области, засилување на безбедноста околу чувствителните локации, како и прислушување на телефонски и друг вид на комуникации.

Рускиот претседател Владимир Путин свика вонредна седница на националниот Совет за безбедност на која се разговараше за специфичните аспекти на борбата против тероризмот. Во меѓувреме, дел од луѓето продолжуваат со напуштање на своите домови, а во градот пристигнува хуманитарна и медицинска помош за оние кои ќе останат во своите домови.