Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште еден руски регион прогласи вонредна состојба поради украинската офанзива

/

пред 795 дена

Сподели преку :

Во Белгородската област денеска е прогласена вонредна состојба поради украинските напади, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

Ситуацијата во регионот на Белгород и понатаму е исклучително тешка и тензична. Секојдневно гранатирање од вооружените сили на Украина, уништени куќи, повредени и убиени цивили, истакна Гладков.

Тој додаде дека е прогласена вонредна состојба на регионално ниво за целиот белгородски регион, но оти ќе побара воведување на вонредна состојба на сојузно ниво.