Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Миовски официјално во Џирона: Абердин доби рекордно обештетување

/

пред 779 дена

Сподели преку :

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски од денеска и официјално е нов играч на шпанскиот тим Џирона. Тој направи рекорден трансфер од Абердин во редовите на тимот што лани беше хит во Ла Лига и сезонава ќе игра во Лигата на шампиони.

Одличните игри на Миовски во дресот на Абердин не останаа незабележани од клубовите од најдобрите лиги. Голгетерот направи трансфер вреден 8 милиони евра во Џирона, што е клупски рекорд во историјата на шкотскиот клуб. Македонецот потпиша четиригодишен договор со шпанскиот клуб, а утре ќе го има првиот тренинг со новиот соиграчи. Тој воедно ќе биде и замена за најдобриот стрелец во лигата минатата сезона, Артем Довбик, кој летово направи трансфер во Рома.

„Бојан беше одлична деветка за нашиот клуб и иако очигледно сме многу тажни што не’ напушта во исто време сме пресреќни што направи ваков голем трансфер“, изјави извршниот директор на Абердин, Алан Бароус.

Миовски за Абердин одигра 97 натпревари во сите конкуренции изминатите две сезони и постигна 44 голови со седум асистенции. Тој претходно играше во унгарски МТК, Карабах од Азербејџан, а во домашното првенство беше дел од Ренова, Македонија Ѓорче Петров, Работнички и матичниот клуб Брегалница.