Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мојот живот не е повреден од животот на децата – Махмуд Абас најави дека ќе оди во посета на Газа

/

пред 797 дена

Сподели преку :

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави оти донел одлука да ја посети Газа и дека неговиот живот не е повреден од животите на децата во енклавата.

„Не ни преостанаа многу решенија. Поради тоа, јас и целокупното палестинско раководство одлучивме да одиме во Газа, бидејќи мојот живот не е повреден од животот на децата таму“, рече Абас, пренесува агенцијата Анадолија.

Говорејќи на вонредна седница на турскиот парламент, Абас порача дека без Газа не може да има држава Палестина. Палестинскиот претседател истакна дека „израелскиот окупатор“ е осуден на исчезнување.

Говорот на Абас, во траење од 46 минути, беше рпоследен со овации од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пратениците и другите гости на седницата.