Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прв случај на мајмунски сипаници во Европа – регистриран во Шведска

/

пред 797 дена

Сподели преку :

Шведската агенција за јавно здравство го забележала, како што објави, првиот случај на новата заразна варијанта на мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент. Лицето, се наведува во соопштението, се заразило на подрачјето на Африка, каде моментно им голема епидемија на мпокс Клејд I.

Веста доаѓа по само неколку часа, откако Светската здравствена организација (СЗО), по вторпат во две години ги прогласи мајмунските сипаници за светска јавноздравствена криза по проширување на заразната болест од Демократска Република Конго во соседните земји.

Мајмунските сипаници може да се шират преку блиски контакти. Во ретки случаи се смртоносни, а главно се благи. Предизвикуваат симптоми налик на грип и гнојни лезии по телото.