Орхан Куртиши од Куманово седнува на директорското столче во Пошта и доаѓа на местото на неговиот претходник Идри Истрефи.
„Ветувам дека оваа задача ќе ја извршувам со одговорност, чест и посветеност во служба на граѓаните! Им благодарам на структурите на огранокот на Алтернатива во Куманово, но и на сите структури на коалицијата ВЛЕН“ – објави Куртиши.
Заменик на Куртиши е Николчо Угринов од Струмица. Управниот одбор доби уште пет останати членови: Даница Јованова, Хатије Етеми, Агим Бафтија, Бојан Кереместевски и Дејан Николовски.
Куртиши е член на коалицијата ВЛЕН, а на оваа позиција доаѓа како досегашен прв човек на огранокот на Алтернатива во Куманово.
АД Пошта се соочува со многу проблеми наследени од претходното раководство.











