Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дамева: Никој не ме известил дека странски државјанин баран со меѓународна потерница избегал од државата

/

пред 807 дена

Сподели преку :

Претседателката на Судски совет на денешната седница рече дека во врска со бегството на странски државјанин баран со меѓународна потерница формално како претседател не била известена. За случајот се информирала по допрен гласт додавајќи дека институцијата којашто е одговорна за тоа молчи.

– По допрен глас имам информации за бегство на странски државјанин баран со меѓународна потерница. Сметам дека е потребно како прв човек на Судскиот совет дека треба да се формира Комисија и да се констатира фактичката состојба – дали има вина или не за бегството на Блерим Рамадани, истакна претседателката на Судски совет.

Таа најави дека ќе формира вакво тело кое ќе ја констатира фактичката состојба, како реакција на Судскиот совет по допрен глас.

Членот на Судски совет, Ивица Николовски, рече дека советот е должен да изврши надзор и увид во постапувањето и одлучувањето, а потоа да излезе со официјален став за вршењето на судската должност.

– Изминатите неколку денови сме сведоци на озборувања и потрага по одговори од нашата сфера на надлежно постапување. Судскиот совет е должен да изврши надзор и увид во постапувањето и одлучувањето, а потоа да излезе со официјален став за вршењето на судската должност, вели Николовски.

Според него прво мора да се утврди дали има пропусти, дали се почитувала законитоста и рече дека го поддржува предлогот за формирање Комисија која детално ќе го испита случајот.