Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голема загриженост во камповите за раселени лица во ДРК поради растот на случаите на „Mpox“

/

пред 795 дена

Сподели преку :

Идентификувањето на случаите на мајмунските сипаници во камповите за раселени лица околу Гома во Демократска Република Конго е загрижувачко бидејќи високата густина на население може да резултира со понатамошно ширење, а миграцијата на населението може да ги попречат напорите за одговор.

„Откако отворивме овде пред околу два месеци, примивме 260 пациенти. Меѓу нив има сомнителни и потврдени случаи. Во моментов имаме веќе потврдени 17 случаи. Има некои пациенти кои се тука во изолација, а други пациенти беа лекувани и излекувани и веќе се вратиле во своите домови“, велат лекарите.

Здравствените лица велат Мајмунските сипаници се пренесуваат претежно со директен контакт од болно животно, со или без симптоми, на здрава личност. Има и пренесување од болен на здрав човек. Се пренесува и од болна мајка на нејзиното дете за време на бременоста.

Општата болница за упатување Нирагонго, северно од Гома во ДРК прима многу пациенти сомнителни на „Мпокс“.

На 14 август 2024 година, генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус утврди дека порастот на мајмунски сипаници во Демократска Република Конго и се поголем број други земји во Африка претставува јавен здравствен итен случај на меѓународна загриженост.