Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чума кај мали преживари: Во Грција се појави кај добитокот, демне ли опасност за македонските сточари

/

пред 805 дена

Сподели преку :

Рана детекција на високозаразната болест чума кај малите преживари во одгледувалиштата на овци и кози на целата територија на државата и пријавување на сомнителни случаи се клучни во дадениов миг, за да не се соочиме со далекусежни последици.

Тука секако се и економските рестрикции за извоз во случај на појава на болеста, за трговија со живи животни и производи од споменатите видови, вели професор Џаџовски.

За жал првите случаи се забележани во Европа, во јули месец во Грција и веќе се проширени на повеќе од 50 жаришта. Епидемилошкиот линк се поврзува со транспорт на заболени животни од Романија, каде што се потврдени повеќе од 60 жаришта. За сега болеста е пријавена во централниот дел на земјата, во делот на Тракија блиску до Бугарија, надоле на Крит и Пелопонез, изјави проф. д-р Игор Џаџовски, Факултет за ветеринарна медицина Скопје.

Со оглед на брзината и начинот на ширење на болеста не е исклучено за кусо време да се појави и до границата со Македонија.

Во моментов во земјава нема потврден случај и се преземаат сите активности од Факултетот за ветеринарна медицина Скопје заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство и Ветеринарната комора за едукација на фармерите и контрола при пасењето на овие животни на граничните предели за да не дојде до мешање на стадата од двете земји и брз пренос на болеста. Доколку дојде до зараза мерките се ригорозни.

При откривање на појава на болест, претставува ништење на целото тоа стадо. Меѓутоа зависно од ситуацијата и од приликите мерките кои би следувале како контролни за заштита на понатамошно ширење предвидуваат заумирање во зони од три до десет километри каде што по проценка може да се направи уништување на сите тие животни како мерка за спречување, вели д-р Џаџовски.

Важно е да се истакне дека за оваа болест има вакцина, но ние како земја сме единствени во регионот кои и официјално сме слободни во однос на извозот вели професор Џаџовски, затоа што во Македонија ја нема болеста и се извезува живо јагне кон земјите од ЕУ, пред се во Италија и Грција.

Сепак во случај на употреба на ваква вакцина извозот би бил забранет и следува долг процес на добивање статус на земја кој може слободно да извезува јагнешко.

Нина Стефанова