Во првиот дуел меѓу вечните ривали Вардар и Пелистер што се играше во елитното фудбалско друштво по пауза од три години, “црвено-црните” забележаа победа од 1:0.
Ова е прв триумф на Вардар во новата сезона од шампионатот на Македонија, а победата на домаќинот му ја донесе Џибрил Дианеси со погодокот постигнат во 82. минута.
ФОТО: Игор Паневски




































