Вчера во СВР Скопје било пријавено дека бил извршен грабеж во просториите на општина Гази Баба каде на сила било влезено во кабинетот на градоначалникот.
„На 18.08.2024 во 14.50 часот во СВР Скопје, од општина Гази Баба било пријавено дека со употреба на сила било влезено во Кабинетот на градоначалникот на општина Гази Баба и биле одземени три лап топ компјутери и еден фотоапарат. Се преземаат мерки за расчистување на настанот соопштуваат од МВР.











