Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кандидатурата на Харис во сенка на Бајден – прва вечер од конвенцијата на демократите во САД

/

пред 792 дена

Сподели преку :

Првата вечер од конвенцијата на Демократската партија во Чикаго, на која официјално треба да биде потврдена кандидатурата на Камала Харис, беше посветена на претседателот во заминување Џо Бајден.

Откако минатиот месец, по огромниот притисок од своите сопартијци, Бајден беше принуден да се повлече од трката за освојување на втор мандат во Белата куќа, неговата администрација во последните неколку месеци ги насочи напорите кон гарантирање на неговото место во историјата на американската политика.

И говорот на самиот Бајден, громогласно поздравен од публиката, беше фокусиран кон неговото наследство, но неизбежен е заклучокот дека неговото место во историјата ќе зависи од тоа дали Харис ќе успее да го победи Доналд Трамп на изборите во ноември.