Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина некогашниот југословенски кошаркар Ратомир Тврдиќ

/

пред 778 дена

Сподели преку :

Некогашниот југословенски кошаркар Ратомир Тврдиќ почина во 81-та година од животот, пренесува „Слободна Далмација“.

Тврдиќ го носеше дресот на сплитска Југопластика од 1960 до 1977 година. Со клубот од „Грипе“ освои две шампионски титули во поранешна Југославија (во 1971 година и во 1977 година), три југословенски купа (во 1972 година, во 1974 година и во 1977 година), како и две титули во европскиот куп „Радивој Кораќ“ (во 1976 година и во 1977 година).

Со репрезентацијата на Југославија освои злато на Светското првенство во 1970 година, како и две сребрени одличја во 1967 година, односно во 1974 година. Со југословенската селекција ја освои титулата на европските првенства во 1973 година и во 1975 година, како и сребро на ЕП 1969.

Фото: принтскрин/Јутјуб