Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Од 23 август српските возачки дозволи повеќе нема да важат во Косово

/

пред 791 дена

Сподели преку :

По одлуката на Министерството за внатрешни работи на Косово за продолжување на рокот за замена на српските возачки дозволи издадени за граѓаните во Косово, возачите кои нема да ги заменат дозволите до петок ќе се соочат со казни од 500 до 1.500 евра.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, изјави дека српските возачки дозволи, по истекот на овој рок, ќе се сметаат за неважечки, а возачите со такви документи ќе бидат казнувани како да немаат возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи на Косово на почетокот на мај донесе одлука за замена на српските возачки дозволи, издадени за граѓаните во Косово, кои се нелегални, со косовски дозволи. Одлуката стапи во сила на 9 мај, а рокот за замена е петок, 23 август.