Телото на британскиот милијардер Мајк Линч е извлечено од трупот на јахтата која потона пред неколку дена кај Сицилија, објави Ројтерс. Изнесено е на брегот во сина вреќа и во возило на итната помош е превезено до околната болничка мртовечница.
Неговата 18-годишна ќерка Хана и натаму се води како исчезната, изјави извор близок на спасувачката операција.
Покрај Линч и неговата ќерка, останатите луѓе кои не успеаја да се спасат од јахтата се Џонатан Блумер, претседател на „Морган Стенли“, и неговата сопруга Џуди, потоа Клифорд Ченс, адвокатот Крисд Морвилјо и сопругата Неда Морвилјо.
Петнаесет лица меѓу кои и сопругата на Линч успеаја да се спасат, додека безживотното тело на готвачот на бродот Рекалдо Томас е пронајдено во близина на јахтата, неколку часа по катастрофата. На јахтата на милијардерот Мајк Линч, која потона во близина на Палермо имаше 22-ца луѓе.
Крајбрежната стража претходно објави снимка на која е утврдено дека јахтата потонала за 60-ина секунди.











