Гувернерот на Минесота, Тим Волц и официјално ја прифати номинацијата на Демократската партија за потпретседател на претседателските избори во ноември.
„Најголемата чест во животот ми претставува да ја прифатам вашата номинација за потпретседател на Соединетите Американски Држави“, рече Волц за време на обраќањето во „Јунајтед Центар“ во Чикаго, заблагодарувајќи и се на потпретседателката Камала Харис за укажаната доверба.
Волц, кој е воен ветеран, поранешен професор и фудбалски тренер, говореше за детството во Небраска и тренирањето фудбал во Минесота. Се осврна и на приватни работи, за борбата на сопругата со плодноста, за среќата што ја почувствувале откако се оствариле како родители. Следуваше емотивна реакција од семејството кое му се придружи на сцената.
Се опиша себе и Камала Харис како „радосни борци“, фокусирани на светла иднина на САД, обвинувајќи ги републиканците дека преидзвикуваат страв и поделби.
Користејќи спортска терминологија, ги повика демократите, обраќајќи им се како на негов тим.
„Ајде да го завршиме оваа. Последна четвртина е. Губиме тесно, но ја имаме топката во посед и во напад сме“.











