Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Унгарија ќе им плати превоз до Брисел на сите мигранти кои ќе пристигнат во земјата

/

пред 790 дена

Сподели преку :

Унгарската влада бесплатно ќе ги превезе до Брисел имигрантите кои ќе пристигнат не нејзината граница, барајќи азил во ЕУ, порача денеска шефот на кабинетот на премиерот Орбан.

Унгарската закана доаѓа откако Европската комисија ја тужеше земјата пред Европскиот суд на правдата, кој ја казни земјата со 200 милиони евра, и по еден милион евра дополнително за секој ден додека Унгарија не ја усогласи својата политика за азил со таа на унијата.

Ако Брисел продолжи да ѝ наметнува на Унгарија регулатива која не дозволува задржување на мигрантите на границите, тогаш ние ќе му понудиме на секој мигрант на унгарските граници бесплатен превоз до Брисел. Ако Брисел сака мигранти, тогаш ќе ги добие. Целта не е мигрантите да пристигнат до некоја од земјите членки. Унгарската влада е подготвена да му обезбеди  билет во еден правец на секој мигрант кој ќе пристигне на унгарските граници, ако ЕУ, ЕК и Европскиот суд на правдата го оневозможуваат запирањето на мигрантите на надворешните граници, како што Унгарија исклучително примерно го прави изминатава деценија, изјави шефот на кабинетот на Орбан.

Премиерот Орбан претходно пркосно изјави дека ниту една казна нема да ја натера неговата земја да ја смени својата политика за миграција и азил.

Заканата на Унгарија да превезува мигранти директно до Брисел наликува на политиката на повеќе републикански гувернери на пограничните американски сојузни држави, кои од 2022 година, како протест против мигантската политика на администрацијата на Бајден транспортираа мигранти до поголемите градови како Њујорк, Лос Анџелес и Чикаго, кои во исто време се и бастиони на демократите во САД.