Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синот на легендарниот мотоциклист Дуан ќе вози во Формула 1 во 2025 година

/

пред 771 дена

Сподели преку :

Формула 1 тимот Алпин денеска објави дека младиот Џек Дуан ќе биде во болидот следната натпреварувачка сезона и ќе го замени Естебан Окон. Дуан доаѓа од познато семејство во светот на тркањето, бидејќи неговиот татко Мик Дуан беше беше петкратен Мото ГП шампион.

Дуан беше резервен возач на Алпин сезонава, но од следната ќе биде во главната улога на Формула 1 трките. Тој веќе неколку години е дел од академијата на францускиот тим, па добро ги познава условите и средината. Челниците на Алпин исто така се убедени во неговите квалитети и дека ќе му биде одличен партнер на Пјер Гасли.

Австралиецот, кој има 21 година ќе го замени Естебан Окон, кој од 2025 година ќе вози за тимот на Хаас.