Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ тврди дека бегството на Блерим Рамадани на Косово било организирано

/

пред 800 дена

Сподели преку :

Бегството на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани е акција на МВР со коалицските партнери на ВМРО ДПМНЕ обвинија од СДСМ. Побараа оставка од  Тошковски и обвинителството да отвори истрага за организирано пуштање на затвореник.  Според информациите кои велат ги добиле од свиркачи,  4 дена пред официјално да избега Блерим Рамадани бил во Косово и назад во куќен притвор.  Го возел лично Началникот на северната граница Наим Рамука кого претходно го обвинуваа дека без контрола ги пропуштил спикерот Гаши и свадбарите . Според опозициската партија, ја минале границата по лентата за товарен сообраќај и без било каква контрола. Вториот пат на 14 ти август зад воланот седел раководител во општина Чаир.

Премиерот одговори дека станува збор за безочни лаги и конструкции и го повика јавниот обивнител да провери.

ВМРО ДПМНЕ и денеска одржа пресконференција за да повтори дека одговрен за бегството е судијата од Кривичен Пајазит Пајазити кој му го смени ефективниот со куќен притвор Рамадани

Вчера Врховниот суд ја укина одлуката на Кривичниот кој оцени дека Рамадани не треба да биде екстрадиран. Кривичен повторно ке се произнесува за екстрадицијата а во меѓувреме ќе го разгледаат и членовите на комисијата од судски. Според информациите на Телма  тоа ќе се случи од понеделник. По увидот ќе направат извештај во кој ќе биде констатирано дали судијата направил пропусти. Потоа извештајот ќе се разгледува на седница на која треба да се утврди дали ќе има постапка за судијата или не.

Елена Ивановска Мукоска