Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО галерија: ПАОК на чекор до пласман во Лига Европа

/

пред 773 дена

Сподели преку :

Фудбалерите на ПАОК во првиот натпревар од разигрувањето за влез во Лига Европа на домашен терен го совладаа Шамрок Роверс со 4:0.

Домаќините високата предност ја обезбедија во второто полувреме, а серијата погодоци ја отвори гостинскиот дефанзивец Даниел Клири кој во петтата минута од судиското надополнување на погоди сопствената мрежа.

Во три минути игра во вториот дел Таисон зголеми на 2:0, а во 67-та Јанис Константелиас го постигна и третиот погодок за ПАОК.

Конечните 4:0 ги постави интернационалецот од Гана, Абдул Рахман Баба во петтата минута од надополувањето на пропуштеното време.

Натпреварот со Шамрок Роверс беше последен во дресот на ПАОК за еден од најталентираните грчки фудбалери, Константинос Кулеракис кој кариерата ја продолжува во Волфсбург за сума од 11,75 милиони евра што рекорд во клупската историја.

ФОТО: Игор Паневски