Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Снајперисти убија четворица киднапери во руски затвор кои тврдеа дека се припадници на Исламската држава

/

пред 789 дена

Сподели преку :

Снајперисти од руската национална гарда денеска  убија четворица затвореници кои ги зазедоа затворските чувари како заложници и изјавија верност на  Исламска држава, се вели во новинските извештаи.

Службата на Националната гарда соопшти дека бунтовните затвореници биле „неутрализирани“ и сите заложници биле ослободени, иако бројот на заложниците не е веднаш наведен, се вели во извештаите.

Пред да бидат застрелани затворениците, државната новинска агенција Тас објави дека четири жртви биле пренесени во локална болница, а две од нив се во тешка состојба.

Непотврдени извештаи на каналите за пораки Телеграм велат дека загинале едно или две лица.

Рускиот информативен сајт Медуза објави видео за кое се вели дека е од местото на настанот.

Во видеото, наводните напаѓачи тврдат дека ja  поддржуваат ИД и осомничените уапсени во мартовскиот терористички напад во концертната сала во Москва, во кој загинаа 145 луѓе.

Тас рече дека судските записи покажуваат дека киднаперите биле од поранешните советски земји од Централна Азија.