Уапсено 15 годишно момче кое иако знаело за планираниот напад на фестивалот во Германија, не ги известило властите. Момчето било приведено денес во утринските часови, а по напаѓачот се уште се трага. Според некои сведоци, непознато лице разговарало со уапсеното момче за планот на самото злосторство.
„Еден 15-годишник беше уапсен во раните утрински часови. Тој во моментов е под истрага во врска со делото. Во моментов претпоставуваме дека имало само еден престапник. Сепак, ние проверуваме и истражуваме во сите други насоки“ – Торстен Флајс, германска полиција и шеф на операции на вчерашниот напад.
При вчерашниот напад во Солинген загинаа три лица, а осум се повредени.
Сторителот веднаш побегнал од местото на злосторството, кој нападнал случајни минувачи. Мотивот се уште не е познат за јавноста. Полицијата презема голема акција за негово апсење .
Нападот бил извршен во центарот на градот каде била поставена сцена за музика во живо во вечерните часови.
Веднаш по нападот имало засилено полициско присуство, полициски хелихоптер и возила како и неколку затворени улици .
„Околу 21:37 примивме неколку повици од сведоци во нашето седиште во Вупертал кои ни кажаа дека маж нападнал луѓе со нож на годишнината овде во Солинген. Три лица загинаа, а најмалку четири лица се тешко повредени.’’ – потврди Александар Креста, портпарол на полицијата.
Според полицијата, напаѓачот жртвите ги избрал по случаен избор.
„Бев во Дизелдорф во седиштето на полицијата и сфативме дека тоа е планиран напад, а не дивеење. – истакна Херберт Реул, министер за внатрешни работи на покраината Северна Рајна-Вестфалија.
Градоначалникот на Солинген вели овој трагичен настан сите ги оставил без сон.
„Синоќа ни беа растргнати срцата. Ние во Солинген сме полни со ужас и тага.
„Луѓето од овој град се трогнати, многу од убиените и ранетите, погодените имаат семејство, имаат пријатели во овој град. – вели Тим Курцбах, градоначалник на Солинген.
Министерката за внатрешни работи на Германија пак истакна дека е исклучително вознемирена на социјалната мрежа Х.
,,Бруталниот напад на градскиот фестивал во Солинген длабоко не шокираше. Жалиме за луѓето кои на страшен начин беа убиени. Моите мисли се со семејствата на загинатите и тешко повредените.
Нашите безбедносни сили прават се што можат за да го фатат сторителот и да ја утврдат позадината на нападот. Полицијата на Северна Рајна-Вестфалија ја има сета поддршка од федералната влада. Јас сум во постојан контакт со министерот за внатрешни работи на NRW, Хербет Реул и нашите безбедносни власти’’.
Полицијата ги предупреди жителите кои оставаат цвеќиња на местото на злосторството да бидат внимателни.
Нападот се случи на фестивалот на различностите, со кој се одбележа 650 роденден на градот.
Марија Коцева











