Општините од источниот и североисточниот регион за две години ќе имаат нова и современа регионална депонија кај Светиниколско Мечкуевци. Ваквите прогнози доаѓаат по средбата на градоначалниците од истокот со заменик министерот за животна средина, Ане Лашкоска. Тендерската документација чека зелено светло од Европската комисија, бидејќи парите за изградба на првата современа фабрика за управување со отпад во земјава ги дава Европската Унија.
Во Брегалничкиот регион затворени се сите помали депонии, а општините отпадот го носат во поголемите депонии, кои треба да бидат претоварни станици. Најмногу страдаат жителите на Кочани, бидејќи на депонијата во село Бели отпадот го депонираат четири општини, па во изминатиот период депонијата постојано се пали, а чадот се спушта кочанската котлина.
Над една деценија тече постапката за изградбата на регионална депонија. Фабриката кај Мечкуевци треба да чини 40 милиони евра, од кои 85 % се од фондовите на ЕУ, а останатите пари ги обезбедува државата











