Во дербито на третото коло во фудбалскиот шампионат на Македонија, Шкупи го совлада Вардар со 3:0.
Серијата погодоци на Чаир ја отвори Бесар Гуџуфи во 33. минута. По десет минути игра во второто полувреме Џемал Ибиши по прецизно изведен удар од 11 метри зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Ел Хаџи Геје во петтата минута од судиското надополнување.
ФОТО: Игор Паневски


































