Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Еден загинат и двајца повредени од новинарската екипа на Ројтерс во Украина

/

пред 786 дена

Сподели преку :

Еден член на репортерскиот тим на Ројтерс во Украина загина а двајца други се тешко повредени откако руска ракета го погодила нивниот хотел во Краматорск, потврдија од новинската агенција.

Загинатиот е 38 годишен британски државјанин кој повеќе години работел како советник за безбедност во Ројтерс, и бил дел од репортерската екипа на агенцијата која известувала од фронтот во Донбас.

Ракетниот напад се случил во саботата, а според останатите медиуми, хотелот во кој престојувала екипата на Ројтерс бил во рушевини.