Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ги оцени тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека нема пари за зголемување на платите на работниците како „приказни за мали деца“.
,,Сметам дека тоа е обид да се дефокусира вниманието на граѓаните и на јавноста од навистина големите скандали коишто се случуваат веќе на почетокот на работата на владата – би рекол една ужасна неспособност од страна на Мицкоски да се справи со сите предизвици. За време на нашето владеење од 7 години ние покажавме вистински што значи да се мисли на работниците, во континуитет да се зголемува нивниот стандард и квалитет на живеење, а владата на ВМРО-ДПМНЕ уште на почетокот кажува дека не само што нема да го зголеми квалитетот на животот туку напротив ќе го намалува“, рече тој.
На прашањето дека барањето за зголемување на платите е во корелација со СДСМ и синдикатите, Филипче рече дека барањата за зголемување на платите потекнуваат токму од работниците и премиерот.
Според него, оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ не може да се снајде во овие услови кога нема некаква криза.
„Што да мислиме ако не дај боже повторно стане некоја криза. Што ќе биде со државата ако ВМРО-ДПМНЕ ги води Владата и државата во време на криза, веројатно некој ‘гејм овер’“, рече Филипче.











