Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски најави смена на Комисијата со Бугарија, нејзините членови за тоа дознале од медиумите

/

пред 797 дена

Сподели преку :

Нова влада, нова Комисија за историски прашања со Бугарија. Вака премиерот, Христијан Мицкоски, денеска ја објасни најавата за менување на составот на македонскиот им од Мешовитатат комисија за историски прашања со Бугарија, во што, како што изјави, нема политичка заднина.

Сепак иако Мицкоски како премиерот не гледа ништо страшно во менување на целата Комисија која изминатите седум години се обидуваше да најде заеднички именител со бугарските колеги околу историските личности и прашања кои ги оптоваруваа односите меѓу двете земји, тој лично смета дека Комисијата малку направила во целиот тој период.

Нормално е дека нова влада, нови луѓе коишто управуваат со новата влада, да има и кадровски промени, не гледам тука што е страшно. Лично, ако мене ме прашувате за мислење, мислам дека актуелната мешовита Комисија апсолутно не ги оправда очекувањата и не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ, изјави премиерот Мицкоски.

И додека за премиерот Мицкоски е логично со новата влада да има промени во одредени институции, Телма дознава дека за промените кои се најавуваат во Комисијата нејзините членови дознале од медиумите. Досега, како што неофицијално дознаваме, тие не биле ниту повикани, ниту консултирани од владата за нивниот ангажман и работа во Комисијата, дополнително што на дел од членовите во Комисијата договорите за ангажманот им истекува за неколку недели.

Единствената средба која Комисијата, поточно копретседавачот на Комисијата од македонска страна, Драги Ѓоргиев, ја имал со министерот за надворшни работи и надворшена трговија, Тимчо Муцунски, се случила на почетокот од август и тоа на барање на Комисијата, за да го запознаат со својата работа и што е досега направено.  Но, како што дознава Телма, на средбата воопшто не станало збор за кадровски решенија и промени во Комисијата.

Од најавите на премиерот Мицкоски нејасно е дали кадровските промени ќе ја опфатат и Историската комисија со Грција.

Тамара Грнчароска