Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пораст на вработувања и плати, се намалува производството и извозот – рударите ја слават Богородица и како нивна заштитничка

/

пред 794 дена

Сподели преку :

Расте бројот на вработени и на платите, но се намалува производството во рударскиот сектор. Во првата половина од 2024 година е регистрирано намалување за 5,8%. Рудниците во земјава и помалку извезувале.

Претседателот на Македонската асоцијација за рударство, Ивица Талевски смета дека во рударската индустрија сè уште се чувствуваат последиците од високата глобална инфлација и геостратешките кризи кои имаат големо влијание на намалување на економска активност во земјите-големи потрошувачи на метали и други минерални суровини. Рударите велат тешко е да се влезе во утробата на земјата и да се работи во окното. Затоа и голем дел од младите се имаат исселено од рударските општини Пробиштип и Македонска Каменица.

Во рударскиот град Македонска Каменица, локалната економија се потпира на работата на рудникот за олово и цинк САСА, кој е најголем рудник за метали во земјава.

На македонските рудари, кои работат во подземните, но и на површинските копови, платата им е повисока за 30%, а кај некои од поголемите рудници за метали и за над 60% од просечната плата во земјата. Во овој сектор по една деценија застој, конечно МАНУ почна да ја прави долгорочната Стратегија за искористување и управување со минералните суровини. Рударските општини денеска го слават големиот празник „Успение на Пресвета Богородица“ или „Голема Богородица“, која е и заштитничка на рударите.

Викторија Јованова