Ново, ревидирано, обвинение против Доналд Трамп. Ги содржи истите тешки обвинувања за противзаконски обид за пресврт на изборните резултати во 2020 година, но сега се однесува на неговиот статус на политички кандидат, а не како претседател. Во неа се наведува дека Трамп делувал како граѓанин, не како претседател, кога се обидел да влијае на изборите.
Ревидираното обвинение доаѓа како одговор на пресудата на Врховниот суд според која претседателите ги штити имунитет и не можат да бидат казнено гонети додека ја извршуваат функцијата.
Трамп се товари за заговор против САД, завера за попречување на службена постапка, обид за попречување на службена постапка и завера против правото. На сопствената социјалната мрежа „Truth Social“, тој за новото обвинение напиша дека е повторно „отпочнување на пропаднат лов на вештерки“.











