Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стотици илјади угинати слатководни риби го преплавија пристаништето во Волос

/

пред 783 дена

Сподели преку :

Десетици тони угинати риби го блокираа пристаништето на грчкиот град Волос, откако минатогодишните поплави ги истиснале од нивниот слатководен хабитат. Локалните власти се во трка со времето да ги соберат рибите пред смрдеата да се прошири низ градот и да ѝ стави предвремен крај на туристичката сезона.

Се протегаат со километри, и не само во должина на брегот, туку и во средината на заливот, изјавил за Ројтерс членот на градскиот совет Стелиос Лимниос.

Само во текот на вчерашниот ден десетици бродови и багери од пристаништето извадија повеќе од 40 тони мртви риби.

Локалната власт за оваа катастрофа ја обвини централната, затоа што не поставила заштитни мрежи на реките кои се влеваат во морето. Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, порача дека мртвите риби претставуваат закана за останатата флора и фауна во заливот и ќе предизвикаат еколошка катастрофа.

Проблемот, според екологистите, е предизвикан од минатогодишните историски поплави кои ги донесе бурата Даниел и погодија голем дел од Грција, а особено Тесалиската рамина. Надојдената вода повторно пополни езеро, вештачки пресушеното пред повеќе од 60 години од страна на грчките власти во обид да се спречи ширење на маларија.

Оттогаш досега водата во езерото драстично опадна, што ги насочи слатководните риби кон Волос, каде угинаа во солената вода.