Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, осуден на 16 години за тероризам по настаните на 27 април 2017 во Собранието, добил прекин на отслужување на казната до 21 ноември.
Од затворот од Штип велат дека прекин во отслужување на казната поради медицински причини, добиле шест лица.
Директор на штипскиот затвор Дејан Здравков ги потврди информациите дека со судско решение прекинот во издржување на казната им е продолжен на Митко Чавков (до 21 ноември), на Митко Пешов (до 16 ноември), на Оливер Поповски (до 22 септември) и на Душко Лазаров (до 25 септември). На Александар Јаневски – Тошта и Јане Ченто им завршил прекинот и на 14 август се вратиле во затворот.
Од Кривичниот суд соопштија дека пет лица, осудени за настаните од 27 април, побарале од судот прекин на казната. Судот на тројца им дозволил прекин за еден осуденик решението е во фаза на изготвување, а едно од барањата е одбиено заради некомплетна документација.
Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов кон крајот на јули потпиша решенија за 30-дневен прекин на казната за дел од лицата осудени за 27 април, поради лекување.
Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност(БЈБ), кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието.
Казнено поправниот дом Штип во врска прекинот на издржување на казната затвор за осудените лица Ве известува за следното
Осудениот Александар Јаневски (познат како Тошта) беше пуштен на прекин на казната затвор во периодот од 15.07.2024 г. до 14.08.2024 г. и истиот сам се јавил во КПД-Штип на 14.08.2024 г. на доиздржување на казната затвор.
Осудениот Јане Ченто беше пуштен на прекин на казната затвор во периодот од 15.07.2024 г. до 14.08.2024 г. и истиот сам се јавил во КПД-Штип на 14.08.2024 г. на доиздржување на казната затвор.
Осудениот Митко Пешов е пуштен на прекин на казната затвор во периодот од 16.07.2024 г. до 15.08.2024 г. Од страна на надлежен суд прекинот на казната затвор му е продолжен до 16.11.2024 г.
Осудениот Оливер Поповски е пуштен на прекин на казната затвор во периодот од 22.07.2024 г. до 21.08.2024 г. Од страна на надлежен суд прекинот на казната затвор му е продолжен до 22.09.2024 г.
Осудениот Митко Чавков е пуштен на прекин на казната затвор во периодот од 22.07.2024 г. до 21.08.2024 г. Од страна на надлежен суд прекинот на казната затвор му е продолжен до 21.11.2024 г.
Осудениот Душко Лазаров е пуштен на прекин на казната затвор во периодот од 25.07.2024 г. до 24.08.2024 г. Од страна на надлежен суд прекинот на казната затвор му е продолжен до 25.09.2024 г.
Осудениот Никола Митревски е пуштен на прекин на казната затвор во периодот од 01.08.2024 г. до 31.08.2024 г. Од страна на надлежен суд прекинот на казната затвор му е продолжен до 01.10.2024 г.
Осудениот Мунир Пепиќ е пуштен на прекин на казната затвор во периодот од 07.08.2024 г. до 06.09.2024 г.
Осудениот Влатко Трајковски е пуштен на прекин на казната затвор во периодот од 07.08.2024 г. до 06.09.2024 г.
Осудениот Младен Додевски е пуштен на прекин на казната затвор во периодот од 13.08.2024 г. до 12.09.2024 г.











