Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Харис со само еден процент предност пред Трамп, покажува најновата анкета на „Волстрит Џурнал“

/

пред 779 дена

Сподели преку :

Демократската претседателска кандидатка Камала Харис има еден процент предност пред републиканскиот ривал Доналд Трамп пред изборите во ноември, покажува најновата анкета на весниокот „Волстрит Џурнал“.

Според анкетата, Харис има поддршка од 48 отсто од гласачите, додека Трамп го поддржуваат 47 отсто.

Кампањата на Камала Харис вчера објави дека досега собрала 540 милиони долари во изборната трка против републиканскиот ривал Трамп.

Кампањата соопшти дека има зголемување на донациите за време на минатонеделната Демократска национална конвенција во Чикаго, каде што Харис и нејзиниот кандидат, гувернерот на Минесота, Тим Волц, ги прифатија номинациите, пишуваат француските медиуми.

Кампањата на Трамп претходно овој месец објави дека во јули собрала 138,7 милиони долари, а на почетокот на август имале 327 милиони долари во готовина.