Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сто и педесет автобуси помалку од понеделник – приватните превозници едногласно одлучиле да покриваат линија со еден автобус

/

пред 779 дена

Сподели преку :

Наместо по скопските улици, во понеделник, кога започнува школската година, приватните автобуси ќе останат паркирани. Се воведува редуциран сообраќај.

Како што едногласно одлучиле, приватните превозници ќе сообраќаат на една линија само по еден автобус и тоа еднаш  во денот, наутро или навечер.

За Телма велат дека нивните возила ќе одат од прва до последна станица и назад, а потоа се исклучуваат. Што значи дека според зимскиот возен ред ќе недостасуваат 150 автобуси.

Оваа одлука следи откако од ЈСП не добија позитивен одговор за исплата на нивниот долг, ниту за покачување на цената по километар.

Бидејќи на седницата на Град Скопје не помина одлуката за потребата од набавка на нови еко автобуси, директорот на ЈСП, Драги Кушовски рече дека ќе се обиде да бидат поправени околу 40 автобуси кои би биле пуштени во сообраќај, што е далеку зад бројката од 150, кои недостасуваат.