Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку пет загинати и 46 повредени во украински напад врз Белгород

/

пред 781 дена

Сподели преку :

Најмалку пет лица загинаа, а 46 се повредени во синоќешните украински напади врз југозападниот руски град Белгород, изјави гувернерот на истоимениот регион Вјачеслав Гладков.

Гувернерот додаде дека 37 лица, меѓу кои седум деца, се пренесени во болница.

На видеото објавено на социјалните мрежи, снимено од автомобил за време на нападот, се гледа како друг автомобил експлодира додека вози по пат. Неколку секунди подоцна, втора експлозија се гледа преку патот.

Властите во Белгород информираа е дека во нападот се оштетени неколку објекти и возила.